Експертите тврдат дека само еден човек манипулирал со вредноста на биткоинот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Експертите објавија документ во кој тврдат дека манипулациајта со крипто валутите е полесна отколку што се чини.

Порастот на вредноста на биткоинот минатата година од 150 на 1 000 долари го детектираа само кај еден манипулатор. Според овој документ со вредноста на биткоинот манипулираат еден или двајца големи играчи. Како причина за ова и показател, Нил Гендал, Џ. Т. Хамрик, Тајлер Мур и Тали Оберман гледаат неколку сомнителни размени на биткоин на Mt. Gox. Сомнителна е една од најголемите размени во кои лажно се разменети 600.000 биткоини. А со самата таа размена се крена вредноста на биткоинот од 150 на 1000 долари.

Размената на крипто валутата се одвивала меѓу два роботи кои тргувале со биткоини кои не го поседувале. Како последица од овие трансакции, сопствениците на овие машини заработиле огромни суми. На берзата изгледало како да се тргува со голем број крипто валути, па поради зголемениот интерес растела и цената на биткоинот.

Манипулација на берзата се прави многу лесно, па поради тоа најверојатно некои дрќави ја зголемија безбедноста и контролата. Кина и Јужна Кореја најавија дека ќе го забранат или ограничат тргувањето со крипто валути. Кина се подготвува за затворање на централизираните сервиси за тргување со криптовалути, но и за затворање на поединци кои нудат некои од тие услуги.

Биткоинот последните 24 часа белеќи пад од 16% a Ethereum 23%. Главна прична за овој пад е движењето во Азија, како Кина, така и Јужна Кореја. Дополнително, поради измама и Metropolitan Bank престана со меѓународните трансакции со вакви валути. Поради паниката која се крева помеѓу оние кои тргнуваат со биткоин, вредноста е многу нестабилна. Па моќе да се случат вртоглави падови како на биткоинот така и на останатите крипто валути.