Не го загревајте автомобилот кога е ладно – многу е штетно за моторот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технологијата е доста напредната последите 20 години, но ладното се уште знае да направи проблеми.

Откриен е најдобриот начин на кој возачите би требало да ги стартуваат автомобилите, кога надвор е ладно. А од тој начин многу ќе се изненадат.

Возачите откако цела ноќ ќе го остават автомобилот на ниска температура, наутро често мислат дека најдобра работа е да го стартуваат моторот и да го остават да работи.

Меѓутоа тоа не придонесува за доброто на моторот, на овој начин само го продолжуваме времето на загревање. Идејата за загревање на моторот доаѓа од време на карбураторите. Нив им требаше време да загреат за да работат глатко. Но денес многу автомобили немаат карбуратори.

Многу автомобили функционираат на принцип на вбризгување на гориво, и затоа подобра опција е откако ќе седнете во автомобилот, одма да започнете со возење. Притоа долго загревање на ладно време, може да доведе до разредување на маслото.

На ниски температури покрај проблеми со моторот може да имаат и проблеми со бравата, погледнете го видеото како да ја отворите бравата, доколку е многу ладно: