Ексклузивен Maserati во 50 примероци по цена од 2,7 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автомобилскиот производител Maserati го изработи овој негов ексклузивен модел во ограничен број примероци со неверојатен и импресивен изглед, но и спецификации.

Овој суперавтомобил е модел на „Enzo Ferrari“, што го прави еден од најретките верзии на автомобил во светот.

Неговата впечатлива портокалова боја е изработена на само 12 примероци и се нуди само на специјални клиенти, додека перформансите на овој автомобил се „неограничени“ затоа што се со спецификација за FIA GT Championship.

Иако MC12 Corsa првично беше забрането да се види на улица, можеше да се види во јавност неколку пати.

Неговата моќност доаѓа од 6,0-литарски V12 мотор кој може да произведе 755 КС при 8000 вртежи во минута, додека задниот погон ќе биде поврзан со шестстепен менувач Камбиокорза.

„Крикот“ на овој мотор е доволен за да ја оправда цената на суперавтомобилот.

Верувале или не, овој Масерати тежи 1.150 килограми и достигнува 200 км на час за 6,4 секунди, со максимална брзина од 326 км на час.

Сите овие спецификации нормално дека на крајот имаат цена во милионска сума – еден примерок чини најмалку 2,7 милиони долари.