Home Актуелно Црвен аларм во Азија: Се заразиле со коронавирус на собир во џамија каде имало над 16.000 луѓе

Црвен аларм во Азија: Се заразиле со коронавирус на собир во џамија каде имало над 16.000 луѓе

Малезиските власти објавија дека во Малезија има дури 190 нови случаи на заразени со коронавирус, а ситуацијата станала уште подраматична кога се открило дека сите случаи биле поврзани со масовен религиозен настан на кој учествувале дури 16 000 луѓе.

Сите овие луѓе се наоѓале во една џамија во близина на Куала Лумпур, а дополнителен проблем е што верниците дошле од неколку земји во светот.

Министерот за здравство додаде дека бројот на заразените се искачи на 428 и дека земјата во моментов е најпогодена од вирусот во Југоисточна Азија.

„Вкупно 243 лица се поврзани со собирот во таа џамија, а девет лица се во критична состојба“ – рече министерот, додавајќи дека сите што присуствувале на церемонијата мора да бидат ставени во карантин на 14 дена.

Во соседниот Брунеј биле заразени 45 лица, а неколку случаи биле регистрирани и од Сингапур. Сите заразени биле во истата џамија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…