Египетски коментатор почина за време на мечот со Саудиска Арабија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Египет и Саудиска Арабија вчера одиграа возбудлив натпревар во последното коло од Групата А, кој на крај заврши со пораз на „Фараоните“ со гол примен во судиското продолжение.

Случувањата на теренот за жал, беа премногу возбудливи за поранешниот египетски тренер Абдел Рахим Мохамед кој почина од срцев удар за време на натпреварот.

Тој имаше улога на специјален коментатор во директниот пренос на националната телевизија кога падна во студиото, непосредно пред да го даде својот коментар за мечот.