Home Актуелно Една од најголемите швајцарски банки призна дека учествувала во перење пари на ФИФА

Една од најголемите швајцарски банки призна дека учествувала во перење пари на ФИФА

Швајцарска банка Bank Julius Baer & Co. мора да плати казна од 80 милиони долари откако потврди дека учествувала во перење на повеќе од 36 милиони долари мито исплатени на Светската фудбалска организација (ФИФА).

„Ројтерс“ објави дека третата најголема банка во Швајцарија ќе мора да плати 43,3 милиони долари, а ќе и се одземат и 36,4 милиони долари за извршување трансакции во период од 2013 до 2015 година.

Во давање мито учествувале лица кои незаконски ги плаќале службениците од ФИФА за возврат да ги добијат правата за пренос на фудбалските натпревари.

„Банката им помагала на корумпираните службеници на ФИФА во перење на повеќе од 36 милиони долари“, објави американска служба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…