Една од играорките пред тунелот: „Играевме оти изградиме автопат, беше многу хубаво“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако социјалните мрежи и медиумите зовреа од коментари и реакции на трубачката журка и играњето ора и чочеци во тунелот од новоизградената автопатска делница помеѓу Смоквица и Демир Капија, во емисијата „1 минута на 1ТВ“ се јави една од „играорките“ со своја реакција за случката.

„Сите кажуват дека е убав автопато, ние играеме зашто завршиме голема работа, толку години работеме и се радуваме“ – реагираше една од играорките на прославата за автопатот Демир Капија – Смоквица, која се јави во денешното издание на контактната емисија „1 минута на 1ТВ“. Таа не сакаше да се претстави, но рече дека е вработена во грчката компанија АКТОР и потврди дека тие стојат зад организацијата на прославата, која наиде на потсмевливи и критички коментари во јавноста.

„Јавувам се по повод вчерашната журка. Играеме оти изградиме автопат, со колешките се фанаме така спонтано, ние танцуваме за автопато“ – рече гледачката.

За неа нема ништо спорно во ваквиот начин на прослава, а за истрагата која се води против АКТОР за изградба на токму овој автопат, таа вели дека друг треба да мисли на тоа.

„Тоа друг ке си решава, ние не сме сите правници, градители и што јас знам, се раздуваме за автопато, директоро не викна ние отидохме фанаме се, а фрлање пари такви и работи, више многу приказни се кажуват, ние не правевме свадба таму сè беше по пропис беше многу хубаво“ – заклучи таа.