Home Актуелно Еден биткоин поскап од кило злато – цената на криптовалутата надмина 58.000 долари

Еден биткоин поскап од кило злато – цената на криптовалутата надмина 58.000 долари

Биткоин достигна нова рекордна цена на својата вредност. Цената на таканареченото „дигитално злато“ порасна за 2,46% и го надмина прагот од 58 000 американски долари.

Главната причина за континуираната апрецијација на криптовалутата се сигналите дека таа добива признание кај големите инвеститори и компании.

Се повеќе инвеститори одлучуваат да го користат. Една од нив е светски познатата компанија Тесла, која на почетокот на овој месец инвестираше 1,5 милијарди долари во „дигитално злато“.

Биткоинот се очекува во иднина да стане заедничка валута, со која луѓето можат да вршат плаќања во нивниот секојдневен живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…