Денес се очекува разврска на случајот со преку ред вакцинираниот секретар на охридската болница


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Д-р Балески, директорот на клиниката, денес изјави дека се очекува во текот на денешниот ден ситуацијата да добие епилог, односно се уште се очекуваат насоките на министерството за здравство по кои тие ќе постапат.

Од министерството за здравство синоќа остро го осудија прекршувањето на националниот план за вакцинација. Тие побараа извештај од општата болница во Охрид за случајот, но од таму велат дека сè уште нема разрешница и дека таа се очекува во текот на денот. На прашањата какви санкции ќе има и за кого ќе бидат тие се уште немаме одговор.

Со свој став вчера се изјасни и секретарот на болницата Антонио Наумоски кој се вакцинирал, а за кого надлежните велат дека не е на списокот. Тој вели дека се согласува дека треба медицинскиот персонал да е приоритет за вакцинирање, но сепак не гледа проблем во целата ситуација, бидејќи како еден од највисоките органи во институцијата сакал да претстави пример дека сите треба да се вакцинираат.

Директорот на болницата, Балески, вчера порача дека не бега од одговорност за тоа што секретарот на болницата, кој е правник по професија, а се нашол на списокот за вакцинација.

Министерот Филипче кажа дека ќе бидат ревидирани списоците за вакцинација и дека секое прекршување ќе биде санкционирано. Премиерот Заев исто така побара разрешница за ситуацијата, за во иднина да не се повторуваат вакви случаи.

Секретарот на болницата, Антонио Наумовски кој преку ред ја прими вакцината вели дека се согласува оти приоритет треба да добие медицинскиот персонал, но сепак не гледал проблем во целата ситуација бидејќи како еден од највисоките органи во институцијата сакал да претстави пример дека сите треба да се вакцинираат.