Двојникот на Меси пронајден во Иран: Татко му го избркал од дома поради оној гол во 2014!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси има двојник, кој се наоѓа во Иран, а неговото име е Режа Парастеж. Неверојатно колку овој човек наликува на ѕвездата на Барса, особено кога ќе го облече неговиот дрес.

Тој е веќе вистинска ѕвезда, па кога ќе се појави по улиците на Техеран сите сакаат да се сликаат со него.

„Татко ми ме охрабри да се облечам во опремата на Барса и да се претставувам како Меси“, изјави Парастеш кој имал проблем за време на Светското првенство 2014 година.

Меси тогаш постигна гол во последните минути против Иран и го елиминира од понатамошното натпреварување.

„Татко ми многу го сака фудбалот, па таа вечер ми се јави и ми рече да не доаѓам дома, бидејќи ќе го потсетувам исто како јас да сум го дал тој гол“, вели Иранецот.