Актуелно

Драмата во Мала Речица заврши со фамилијарна пица

ДУИ синоќа едногласно одлучи дека дебатата за опциите кои се ставени на маса треба да продолжи и не донесе конечна одлука со кого ќе коалицира, изјави вечерва портпаролот на партијата, Бујар Османи.

Не донесовме одлука во однос на било која од опциите кои беа на маса, без исклучувања на ниедна, досега немаше доволно аргументи за конечна одлука. ДУИ започна сеопфатен процес на консултации, во партијата, со нашите членови, пријатели во меѓународната заедница и имавме сеопфатна дебата за петте предлози кои беа на маса. Од последните состаноци, едногласно одлучивме дека таа дебата не може да биде денес исцрпена, за било која од петте опции и остануваат сите опции отворени, изјави Османи.

Според него, тие се воделе според тоа да донесат одлука во интерес на Албанците и за тоа им треба уште време.

На новинарско прашање дали ова значи дека Никола Груевски нема да може да состави влада, Османи одговори:

Нема да коментирам проекции и претпоставки, наша задача беше да донесеме одлука, да ги поставиме сите опции на маса, не можеме засега ќе продолжиме и понатаму во наредните денови. ДУИ денеска не донесе одлука во однос на било која од опциите кои беа на маса, без исклучувања на ниедна, досега немаше доволно опции.

Петте опции за ДУИ се однесуваат на коалиција со ВМРО ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, широка коалиција, да одат на нови избори или пак да бидат во опозиција. Според Бујар Османи, разговорите во нивната партија ќе продолжат од утре.

На полноќ истече рокот за Никола Груевски да формира влада. Сепак, ВМРО ДПМНЕ може да добие и втора шанса за правење влада, доколку претседателот Ѓорѓе Иванов одлучи да го даде мандатот на некој друг во оваа партија, кој ќе се обиде повторно да состави влада, што во јавноста се толкуваше како неуставен чекор.

На крајот, после ста таа драма во централниот штаб на ДУИ во Мала Речица, каде што се кршеа внатрепартиските копја за одлука дали да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ или не, заврши без договор, и со нарачка на пици, да каснат нешто луѓето, да закрепнат, пишува позитив.мк.

Advertisements
To Top