Актуелно

Нова транспортна револуција на Елон Маск: Ќе гради тунели под Лос Анџелес?

Ексцентричниот милијардер Елон Маск се подготвува да направи уште една транспортна револуција, копајќи тунели, за да се справи со преголемиот сообраќај во Лос Анџелес.

На крајот на минатата година тој изненади многумина кога сподели на Twitter дека до таков степен му е доста од застојот, дека е подготвен да го реши проблемот, откако ќе ископа подземни тунели. Во тоа време не беше сосема јасно дали тој се шегува или не.

Сега, меѓутоа, изгледа дека Маск дефинитивно не се шегува и дури неговите планови се развиваат многу брзо. Во нов пост на социјалната мрежа тој открива дека ископувањата ќе започнат само по околу еден месец и дека планот веќе ужива возбудлив развој. Потоа тој додава дека работата ќе започне на раскрсницата меѓу познатиот булевар Креншоу и 105-тата улица што, како што излезе, е токму спроти седиштето на Space X.

Засега се уште не е јасно каде точно ќе се протега тунелот. Имајќи предвид дека Маск живее во Бел Ер, веројатно тој сака да го скрати патувањето од таму до канцеларијата. Иако ова е растојание од околу 30 километри, густиот сообраќај во Лос Aнџелес и близината на аеродромот ја осудува маршрутата на чест метеж.

Запрашан дали карактерот на регионот, кој е подложен на земјотреси, нема да ги спречи плановите, Маск објаснува дека овие природни феномени се чувствуваат најсилно на површината, овозможувајќи му на градот и во моментов да има метро.

Advertisements
To Top