Home Шоубизнис „Досада“ – нова песна на Дина Јашари

„Досада“ – нова песна на Дина Јашари

Дина Јашари ја објави својата нова песна „Досада” на која е целокупен автор, додека аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

Досада има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.

„Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала. Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада.”

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ноќното излегување на екипата од „Below Deck“ за малку ќе завршеше со тепачка

Готвачот Мо Виломар се подготви за физичка пресметка со агресивни непознати мажи за време …