Докторот открива: Гвардиола се преценува и не го интересира здравјето на играчите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, но често пристигнуваат критики за неговите човечки квалитети.

Критики на сметка на Гвардиола сега пристигнаа и од Ханс Милер Волфарт, кој со децении беше главен доктор во Баерн Минхен, пред да го избрка каталонскиот стратег,

Волфард веднаш по заминувањето на Гвардиола се врати во Минхен, но никогаш не ја заборави направената неправда.

„Потполно ја занемаруваше лекарската професија. Не го интересираше здравјето на играчите, туку само како да ги ослободи од болката. Не размислуваше за лечење, а тоа во целост се косеше со мојата филозофија“, открива Милер Волфарт.

„Себе си се преценуваше, а мене ме потценуаше. Тој мисли дека знае се подобро од сите. Но јас бев премногу голем дури и за него, бидејќи имав добар статус во клубот. Тој не можеше да поднесе дека сме на исто ниво, па јас морав да заминам, бидејќи ја користеше секоја прилика да ме критикува“, додава докторот, кој жестоко „удри“ по Гвардиола и во својата автобиографија.

„Пеп Гвардиола е човек со слаба самодоверба и прави се за тоа да го сокрие од другите луѓе. Поради тоа живее во постојан страв. Не толку од пораз колку од губењето на моќ и авторитет“, заклучи Волфарт.