Додека Тито бил на смртна постела, болничкиот персонал се гоштевал со свинско, пршута, торти, виски, шампањ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целосно непознати и досега невидени документи во врска со последните месеци и денови на маршалот Јосип Броз Тито беа откриени во подземните простории на Клиничкиот центар во Љубљана.

Во овој центар, доживотниот претседател на поранешна Југославија ги помина последните месеци. Иако се сметаше дека целата документација поврзана со неговото лекување е пренесена во Белград, пред два месеци, документи од времето на неговото лекување биле пронајдени во подрумот на Центарот зад железна врата.

Според словенечките медиуми, ова се претежно сметки за третман и списоци на луксузот во кој живеел здравствениот персонал и обезбедувањето на Тито.

Еден документ открива дека за само еден месец изеле 100 килограми свинско месо, 31 килограм младо телешко месо, 18 килограми буџола, повеќе од 15 килограми пршута, 90 килограми конзервирана шунка, 54 килограми банани. Јасно е дека откако сето ова ќе се изеде, се останува жеден , па тој месец се испиле 91 шишиња виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино.

Овие количини на консумирана храна и пијалок звучат фантастично кога се знае дека за Тито се грижел седумчлен лекарски тим, а од време на време доаѓале доктори од САД и Русија. Но, имало и помошен медицински персонал и членови на обезбедувањето. Последните 64 дена од својот живот, Тито ги поминал во индуцирана кома и се инфузија, што беше доста стресен период за персоналот и обезбедувањето , кои очигледно стресот го лекувале со колачи и торти. Според откриените сметки, во тоа време се изеле 700 торти, 200 ролати, 200 крофни, 150 пецива…

Сите овие намирници влегле во последната сметка за третманот на Тито, која на крајот изнесувала два милиони и сто илјади динари, а СР Словенија нареди да ја плати Клиничкиот центар. Меѓу откриените извештаи е и од Институтот за патологија во Љубљана. Аутопсијата на Маршалот чинела 33.437 тогашни динари. Извештајот за обдукција бил објавен една година откако Тито беше погребан во Куќата на цвеќето во Белград.