Home Актуелно Додека ние се давиме во ѓубре и гориме во пожари – Словенија прогласена за најчиста земја на светот

Додека ние се давиме во ѓубре и гориме во пожари – Словенија прогласена за најчиста земја на светот

Со 60% од територијата покриена со шуми, Словенија доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Оваа држава доби најмногу поени во сите категории и со тоа ја заслужи ласкавата титула.

Утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а меѓу задоволените индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност.

Инаку, во 2016 година, Љубљана ја понесе титулата за најзелен град во Европа. Со рециклирање на отпадот, таа е на трето место на листата 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, со воведување на јавни велосипеди, автобуси што користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови.

Според податоците, во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …