Доаѓа електрично Мини


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот Мини со целосно електричен погон наскоро ќе се најде во производство.

Според достапните информации, Мини својата електрична изведба премиерно ќе ја претстави уште во текот на годинава и тоа во септември на саемот во Франкфурт.

Техничките информации засега се непознати, а се претпоставува дека електричниот погон ќе биде склопуван во мобилити центарот на БМВ во Баварија. Конечното склопување на моделот ќе се прави во британските погони.

Се очекува дека првите примероци на пазарот ќе стигнат на почетокот на 2019г, брзо по премиерата на електричниот BMW X3.