Вебкафе

ВИДЕО: Со години слушаа чудни звуци од таванот, а кога проверија најдоа ’потстанар’ од кошмарите!

Подолго време семејството на Боб ван дер Херкен од Флорида слушало необични звуци од таванот на нивната куќа. Но, на почетокот не придавале големо внимание, а кога конечно решиле да проверат имале што да видат.


Имено, на таванот од куќата на Боб ван дер Херкен од Флорида живеела двометарска змија боа. Неговиот син и сопругата често се жалеле за звуците, но тој се сомневал дека се стаорци.


Сепак, повикале служба за фаќање змии, а стручното лице кое ја фатило, забележало и стара кожа, по што проценило дека змијата таму живеела од две до четири години.

Боб вели дека змијата веројатно била нечие милениче кое избегала, а кај него најверојатно се населила преку гранките од соседното дрво.

Advertisements
To Top