Славни

Дневното мени на Роналдо – јаде шест пати во денот

И пред завчерашната прес-конференција и неговиот потег со Кока-Кола сокчињата, беше познат факт дека Кристиано Роналдо не сака газирани пијалоци (особено не споменатиот). На неговото мени се најдуваат само квалитетни намирници, а фудбалскиот ас јаде шест помали оброци во денот.

Роналдо во текот на еден ден има еден доручек, два ручеци, една ужина и две вечери. За доручек бира шунка и посно сирење, додека руча пилешко месо, салати, риба и маслинки.

Ужината, во зависност од денот, најчесто е овожје или тост со авокадо. За вечера повторно има месо и зеленчук, па риба со зеленчук.

„Фокусиран сум на јадење едноставни намирници, како свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки и протеини“, вели Португалецот.

На менито од Роналдо се забранети газираните пијалоци, смрзнатата храна и преработените производи, а не консумира ниту алкохол, ниту слатки работи.

Кога ќе одлучи да се почести со нешто нездраво, тоа секогаш е пица, но никогаш повеќе од еднаш неделно. После тоа, секогаш прави 500 стомачни, поради што може да се пофали со само 7% телесни масти.

Роналдо, исто така, многу внимание посветува и на тоа колку и кога спие. Неговата опсесија за сонот оди дотаму што за тоа се грижи Ник Литлхејлс, кој открива дека Роналдо преспива по 5-6 пати во денот по 90-тина минути. На тој начин спие помалку, но го забрзува опоравувањето на телото, објасни во една прилика Литлхејлс.

To Top