Дибиров и Јагањац во тимот на колото


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар и на Металург, Тимур Дибиров и Халил Јагањац се најдоа во идеалниот тим од 4-то коло во Лигата на шампионите, во изборот на ЕХФ.

Вардар го победи Рајн Некар во Скопје, а Тимур Дибиров имаше блескава партија со осум гола која не остана незабележана од тимот на ЕХФ.

Јагањац постигна 10 гола во поразот (33:25) на „металурзите“ кај Силкеборг, па и тој се најде во идеалниот тим на 4-то коло од Лигата на шампиони.

лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек – Халил Јагањац (Металург)
среден бек – Томас Могенсен (Скјерн)
десен бек – Магнус Род (Флензбург)
десно крило – Аркадиус Морито (Киелце)
пивотмен – Сењамин Буриќ (ППД Загреб)
голман – Перез де Варгас (Барселона).

Тимот на колото може да го погледнете ТУКА.