Advertisements
Актуелно

Толку била претепана, што не можеле да ја идентификуваат – нови детали за убиството на Маринова

Убиството на 30-годишната бугарска новинарка Викторија Маринова, кое ја потресе цела Европа, бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Младенов го опиша како ,,исклучително брутално”, додавајќи дека Маринова била силувана пред да биде убиена. Тој рече дека главните инспектори за убиство на земјата биле испратени во Русе за да работат на случајот, пренесува Макфакс.

Според медиумите, бугарска истражувачка новинарка Викторија Маринова толку брутално била претепана и удирана по лицето што не можела да биде идентификувана. Нејзиното полуголо тело беше пронајдено во оддалечена област долж реката Дунав во Русе, но потребни биле неколку часа за да биде идентификувана.

,,Има доволно собрано ДНК материјал на местото на убиството во Русе каде жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе и извршителот ќе биде откриен, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Од начинот по кој се работи и многу собран ДНК материјал – прашање на време е кога ќе се реши случајот, рече Борисов.

Tелото на новинарката е откриено на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Претпоставките се дека била нападната дoдека трчала на кејот. Во 10.30 пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено убиството.

Уште не е сигурно и јасно дали убиството на Маринова е поврзано со нејзината новинарска работа. Властите работат на идентификување на сведоци и потенцијални мотиви за нејзиното убиство.

Комитетот за заштита на новинарите ги повика бугарските власти да спроведат ,,ригорозна, темелна истрага” во убиството.

,,Комитетот е шокиран од варварското убиство на новинарот Викторија Маринова”, рече претставникот на Комитетот во Европската унија во Брисел,Том Гибсон. Според него, бугарските власти мора да ги искористат сите напори и ресурси за да извршат исцрпна истрага и да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата”.

Advertisements
To Top