Џудистката Нора Џакова го израдува Косово со уште еден златен олимписки медал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен олимписки медал за Косово на игрите во Токио.

Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красничи.

Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.