Џони Деп во ужасно издание: На премиера дојде мртов пијан, го држеа да не падне (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џони Деп во четвртокот во Лондон присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Убиство во Ориент експрес“. Ако судиме според тоа како изгледаше и како се однесуваше, Џони сигурно испил некоја чаша пред црвениот тепих.

Кога Џони се појави, обезбедувањето буквално мораше да го придржува да не падне, па коментарите беа дека славниот актер не смеел да си го дозволи тоа на ваков настан.

„Деп почна да се забавува уште ноќта пред премиерата во еден лондонски клуб и очигледно не престанал 24 часа“, изјави избор од филмската екипа.

Славниот актер пред една година се разведе со сопругата Амбер Херд, но судејќи по неговото однесување, јасно е дека се уште не ја преболел разделбата.

„Сега се гледа колку навистина треба да бидеме загрижени за неговото здравје“, додаде изворот.

После премиерата не сакаше дури ни да дава изјави, а не се појави ни на конференцијата за медиуми.