Џејми Фокс како Мајк Тајсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


52-годишниот актер Џејми Фокс потврди дека ќе го глуми боксерот Мајк Тајсон во биографскиот филм за него, што е во подготовки. За таа цел, глумецот е во интензивен режим на тренинзи.

– Секој ден правам 60 поткревања, 60 клекнувања и 100 склека, изјави тој.

За оваа улога на Фокс се говори уште од 2014 година. Филмот најверојатно ќе го режира Мартин Скорсезе, но тоа сѐ уште не е потврдено.

Фокс во 2005 година доби Оскар за еден друг биографиски филм – „Реј“, т.е. за пресликувањето на ликот на музичката ѕвезда Реј Чарлс. Благодарение најмногу на тоа ја добил и улогата на Тајсон.

Освен по неговите постигнувања во боксот, Мајк Тајсон е познат и по своите пороци и контроверзи. Тој во 1992 година бил осуден за силување, а 1997 година доби и забрана за боксување, откако му одгриза дел од увото на својот противник Ивендер Холифилд.