Home Шоубизнис Џеј Ло си ќари бејзбол фраер: Пејачката во врска со бивша бејзбол ѕвезда

Џеј Ло си ќари бејзбол фраер: Пејачката во врска со бивша бејзбол ѕвезда

Џенифер Лопез е во врска со бившата MLB ѕвезда, Алекс А-Род Родригез, наведуваат извори од People. Пејачката и бившиот бејзбол играч наводно се во врска неколку недели.

„Таа изгледа многу возбудено. Тој помина некое време со нејзиното семејство, на Лопез ѝ се допаѓа што и самиот е татко. Сепак, свесна е дека е женкар и поради тоа е многу внимателна. Засега, тоа е само забава. Таа е слободна и сака да излегува“, вели извор близок на 47-годишната латино дива.

Родригез, кој од Џеј Ло е помлад шест години, неодамна ја прекина едногодишната врска со Ен Војцицки. Претходно беше во врска со Кејт Хадсон и Камерон Дијаз.

Лопез во меѓувреме се раздели со Дрејк, а извори наведуваат дека нивниот однос никогаш не бил официјален. И Лопез и Родригез имаат по две деца од претходните бракови и врски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Биографот на Том Брејди открива детали за раскинувањето со Бриџит Мојнахан

Нова книга за животот на Том Брејди го ослободува поранешниот НФЛ квотербек од вината за к…