Денеска во Прилеп почнува четиридневното четврто издание на театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Со претставата „Тоби“ во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје, денеска, среда, 31. мај, во Прилеп ќе започне четвртото издание на театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“.

Во четирите фестивалски дена ќе бидат изведени и претставите „Рибарот и рипката“ од „Театар Колозов“, „Јованче и Марика“ од „Театар Баец“ од Битола, ќе се промовира драмска литература за деца, а фестивалот ќе го затвори екипата на „Дајте музика“.

– Театарската уметност е одлика на јавната свест, националната култура и огледало на животот на народот. Момент што се случува сега и овде и кој те тера да реагираш. Театарот е креативна продукција. За да можеме во целост да го преведеме зборот театар, ќе треба да кажеме дека тој е спектакл. Театарот е посебно место. Тука се фрлате во светот на детството, безгрижноста и радоста. За да може да има театар, мора да има публика. Дојдете да се забавуваме на четвртото издание на „Силјан Штркот“ – театарски фестивал за деца – порачуваат од организацискиот одбор на фестивалот.