Home Спорт Давид Луиз со „нож под грло“ го изнудил трансферот во Челзи!

Давид Луиз со „нож под грло“ го изнудил трансферот во Челзи!

Во последниот ден од летниот преоден рок во Пари Сент Жермен се случувал вистински хорор, а во главна улога бил дефанзивецот Давид Луиз.

Медиумите од Франција откриваат детали од трансферот на Давид Луиз во Челзи, и како се создале услови за враќање на Бразилецот во Лондон, само две години откако беше продаден на ПСЖ за високи 50 милиони фунти.

Имено, дефанзивецот бил бесен на тренерот Унаи Емери што го повлекол од игра на дуелот со Монако по еден час игра. Тоа го разбеснило Бразилецот кој сакал дури и физички да се пресмета со тренерот, па отишол кај раководството и се заканил со штрајк доколку не биде продаден.

Кога пристигнала понудата од Челзи дури и со нож му се заканил на Патрик Клајверт, кој во јули беше именуван за нов спортски директор.

„Клајверт немаше избор, Давид Луиз му стави нож под грклан“, вели извор близок до управата на ПСЖ за „Екип“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…