Home Живот и здравје Дали знаете што е тахини и зошто е препорачливо редовно да се консумира?

Дали знаете што е тахини и зошто е препорачливо редовно да се консумира?

Тахини или паста од сусам се прави од мелени препечени семки од сусам и вообичаено се користи во грчката и турската кујна, како и во одредени земји во Африка и Азија.

Тахини изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Пастата од сусам можете да ја подготвите сами, така што ќе сомелете семки од сусам и во нив ќе додадете масло по избор и малку сол.

Како основна мерка можете да земете 150 грама мелени семки од сусам и две супени лажици маслиново масло. Семките од сусам содржат сезамол, лигнин и сезамин кои помагаат во одржувањето на телесната тежина.

За овие состојки некои истражувања покажаа дека го намалуваат и ЛДЛ холестеролот.

Исто така го намалуваат и ризикот од појава на хормон-зависни тумори.

Големата количина на магнезиум и калциум која ја содржи сусамот помага во намалувањето на крвниот притисок.

Се препорачува секојдневно да се јаде по две до три лажици тахини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што е поефикасно: 10 илјади чекори дневно или 30 минути тренинг

Откријте што е подобро! Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашиот живот. Кога фит…