Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќи“ – лесно е да се поверува дека и процесот на личен раст е исто толку издрижан.
Скролирањето низ Инстаграм често изгледа како каталог на совршено балансиран живот: листи на благодарност, водење дневник со кафе, ритуали за нега на кожа што ветуваат внатрешен мир. Сè изгледа хармонично, чисто и под контрола. Но, реалноста? Далеку е од тоа.
Вистината е дека денес терапијата и работата на себе сè почесто се претвораат во естетика. Лепо спакувана, филтрирана, „продажна“. И токму тука настанува проблемот – затоа што вистинската промена никогаш не е така уредна. Таа е хаотична, непредвидлива, понекогаш непријатна и често сосема неинстаграмична.
Опсесијата со туѓите „пред и потоа“ приказни може лесно да создаде чувство дека сопствениот напредок не е доволен. Кога постојано се гледа само финалниот резултат, се заборава колку е патот до таму всушност комплексен. Важно е да се запамети: не постои универзален начин за да се „среди“ некој. Некој ритуали нема да работат за сите – и тоа е сосема во ред.
Уште една замка на модерниот наратив за самогрижа е идејата дека грижата за себе е секогаш пријатна. Во реалноста, најважните чекори се често оние најнепријатните. Поставување граници, изговарање на „не“, дистанцирање од односи што исцрпуваат или барање помош – тие се вистинските моменти на раст. Сето друго е само додаток, не суштина.
И нешто што ретко се кажува гласно: личниот развој не е праволиниски процес. Постојат денови кога сè изгледа под контрола, а потоа една ситуација или спомен може да врати чувството наназад. Тоа не е назадување, туку нормален дел од процесот. Вистинскиот напредок вклучува осцилации, сомнежи и периоди на стагнација што никој не ги објавува.
Можеби токму затоа е најхрабриот потег да се престане со глумата на совршенство. Да се дозволи на себе да работите не бидат секогаш „под контрола“. Затоа што вистинската трансформација не се случува во совршено стилизираната рамка – туку во тие тивки, неуредни моменти кои остануваат зад камерата.
И токму таму, далеку од филтрите, започнува нешто вистинско.