Слатки, неодоливи и речиси опасно заводливи, body mist-овите со мирис на карамел станаа beauty опсесија на сезоната и навистина, сосема е јасно зошто.
Овие мириси во себе носат онаа топла, носталгична, речиси филмска атмосфера што нѐ потсетува на мирисот на свежо стопен шеќер, ванила од омилената слаткарница, карамелизирани пуканки во кино и безгрижни моменти што мирисаат на чисто задоволство.
Лесни, нежни и неверојатно носливи, ваквите body mist-ови на кожата оставаат впечаток на мека, сензуална топлина – како beauty верзија на омилениот oversize џемпер, само многу chic. И додека gourmand нотите отсекогаш имале своја верна публика, нивната нова ера носи пософистициран пристап: карамелот веќе не е тежок ни претерано сладок, туку станува проветрлив, кремаст и елегантно избалансиран.
Во модерните формули се спојува со ноти на ванила, морска сол, мошус и овошни акорди, па резултатот не се „тешки“ слатки мириси, туку луксузни и заводливи композиции што се носат од утро до вечер. Токму затоа стануваат совршен избор за сите што сакаат да мирисаат вкусно, женствено и chic – но без класичната тежина на парфемите.
Доколку барате мирис што е истовремено разигран, заводлив и неверојатно addictive, карамел body mist-от е beauty детаљ што оваа пролет заслужува место во секоја торба.
Во галеријата откријте 5 најдобри body mist-ови со мирис на карамел кои вреди да ги пробате.