Дали култниот Бентли „ќе заплови во електрични води“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот производител на автомобили, британскиот Бентли, си постави рок од 10 години да ги исфрли од производство модели со мотори со внатрешно согорување.

Славниот Бентли произведува луксузни автомобили повеќе од еден век, а во 21 век е препознатлив по своите моќни мотори V8 и W12. Сепак, бидејќи пазарот на автомобили полека се префрла на електрични возила, британскиот производител сака да биде лидер во правењето луксузни електрични автомобили.

Поради тоа автомобилскиот гигант излезе во јавноста со смел план – до 2030 година да престане да произведува автомобили кои користат мотори со внатрешно согорување .

„Иднината на компанијата ќе биде целосно електрична. Ние не работиме на само еден електричен автомобил, туку на целото семејство на електрични возила, изјавил претседателот и извршниот директор на компанијата, Адријан Холмарк.

Првиот целосно електричен Бентли ќе биде претставен во 2025 година со употреба на нова, наменска механичка платформа.

До 2026 година, сите возила во опсегот ќе бидат или plug-in хибриди или целосно електрифицирани. Потоа, до крајот на деценијата, компанијата планира целосно да го запре производството на мотори со внатрешно согорување, заменувајќи ги со батерии и електрични мотори.

„До 2030 година нема да има повеќе мотори со внатрешно согорување“, вели Холмарк.

Оваа одлука Бентли не ја донесе напамет. Имено, според интерна студија на производителот, најмалку 55 проценти од сегашните потрошувачи велат дека би биле заинтересирани за купување електричен модел на оваа марка.