Дали Доналд Трамп бил во бизнис релации со мафијата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот на Доналд Трамп да го изгради и отвори првото казино во Сиднеј бил стопиран поради наводна поврзаност на неговиот конзорциум со мафијата.

Актуелниот американски претседател во 1987 година заедно со партнерот на мешовита фирма Керн Корпорејшен, бил во трка за добивање на договорот, но австралиската полиција била загрижена и препорачала тие да бидат исклучени. Во тоа време Трамп водел две казина во Атлантик Сити – „Трамп Плаза” и „Трамп замок” и бил блиску да стане и сопственик на трето.

– Моделот Атлантик Сити би бил недоверлив за Сиднеј и според наше мислење, конзорциумот Керн-Трам треба да биде исклучен поради поврзаност на Трамп со мафијата, се наведува во извештајот на полициската комисија на Нов Јужен Велс од 3. април 1987 година.

Ставот на таа комисија е изнесен во записниците на кабинетот на тогашната лабуристичка влада на Нов Јужен Велс од 4. мај таа година, кој е објавен по укинувањето на назнаката за доверливост, што ги потврдило сознанијата кои минатиот месец ги објави весникот „Австралиски вести“.

Но, никакви детали за наводни врски со мафијата не се дадени.

Во документите се наведува дека плановите на конзорциумот биле „обемни и активни”, дека тој имал капацитети да управува со казино, но било предупредено дека проценките за приходите „не се темелеле на здрави основи”.

Од четворица понудувачи за тој проект, полициската комисија предупредила на три, вклучувајќи го и конзорциумот Хонг Конг Макау Сиднеј, поради нивната „асоцијација со Кинеската тријада”. Од тој проект подоцна се откажале.

Во натписот објавен пред да се укине назнаката за доверливост на владини документи, „Австралиски вести“ напишале дека Трамп се фалел на тој весник за своите планови. „Ако се избере нашиот проект, тоа ќе биде не само еден од најголемите, туку и еден од најубавите, нај прекрасните хотели било каде на светот”, изјавил во февруари 1987 година.

Весникот цитира и еден пензиониран бизнисмен кој учествувал во понудата на Трамп, а кој изјавил дека сите морале да поминат низ полициска истрага и дека им било речено дека „сите мора да бидат чисти од перспектива на полицијата”.

– Планот беше корпорацијата Керн да изгради казино, а Трамп да ја води работата, бидејќи има лиценца и искуство во Атлантик Сити. Не знаев за полицискиот извештај, првпат сега слушам за каква било поврзаност со мафијата, рече Австралијанецот, кој не сакаше да биде именуван.