Барса потврди: Заврши годината за Дембеле!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле ќе биде надвор од терените во следните четири месеци, откако се повреди на мечот со Гетафе.

Иако првичните прогнози беа дека ќе отсуствува само 3 до 4 недели, сепак деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на тетивата на бутниот мускул.

Барселона преку официјално соопштение потврди дека периодот на рехабилитација ќе трае 4 месеци, а тоа значи дека Французинот ќе се врати на терените дури во 2018 година.

„Станува збор за многу сериозна повреда. Тој ќе биде опериран во Финска од страна на Докторот Сакари Орава, специјалист за вакви повреди, а камбекот можеме да го очекуваме дури во 2018 година“,потврдија од раководството на Барселона.