Да беше кај нас ќе лапаше субвенции: Кејт по трет пат мајка – роди синче и го покажа пред јавноста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британија го поздрави третото кралско бебе. Војвотката Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, вчера попладнето се породи во болницата Св. Марија, каде на свет донесе машко бебе.

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, војвотката од Кембиџ, вчера го добија своето трето дете. Парот и нивниот син после неколку часа од породувањето ја напуштија болницата Св. Марија во центарот на Лондон, по што семејството се упати кон нивната резиденција во Лондон, Кенсингтон Палас.

Кралската двојка заедно со малиот принц позираше пред болницата „St. Mary“ во Лондон само осум часа по породувањето.

„Би сакале да им се заблагодариме на сите вработени во болницата за грижата и третманот што го добија кралските височества. Исто така, би сакале да им се заблагодариме на сите за нивните топли желби”, се вели во пораката на Бакингамската Палата на Твитер.

Кејт и Вилијам имаат уште две деца, принцот Џорџ кој има четири години и принцезата Шарлот која има две години. Бебето, чие име ќе биде објавено подоцна, е шестиот правнук нa кралицата Елизабета II и сега е петтиот наследник по ред на тронот.