Home Спорт Чудо во Норвешка: Два пати срушен светскиот рекорд во ски-скокови!

Чудо во Норвешка: Два пати срушен светскиот рекорд во ски-скокови!

Во само половина час два пати беше срушен светскиот рекорд во скијашките скокови.

Во Норвешкиот Вукерсунд пред две години беше поставен светски рекорд, а тоа го направи Андрес Фанемел пред своите навивачи со скок од 251,5 метри.

Меѓутоа, вчера на истото место прво Роберт Јохансон прелета 252 метри и го сруши светскиот рекорд за половина метро. Беше тоа чудесен скок на Норвежанецот, но ни тој сам не веруваше дека само после половина час наговиот резултат ќе биде соборен.

Токму тоа го направи Стефан Крафт од Австрија, кој имаше неверојатен скок од 253,5 метри и постави убедлив светски рекорд. Никој не можеше да верува, па ни самиот Крафт кој направи чудо!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…