Музика

Човекот кој се осмелил да го предизвика Бетовен на музички дуел во Виена

Берлинецот Даниел Штејбелт (1765 – 1823) своевремено бил еден од најпрочуените и најпризнати пијано виртуози во Европа. Во 1800 година заминал во Виена со цел да ја развива и зголемува неговата музичка репутација.

Набрзо, меѓу градските музички патрони од Виена имало согласност дека Штејбелт треба да се натпреварува со Бетовен во музички натпревар за импровизација.

Што е натпревар во импровизација?

Овие натпревари биле популарна форма на забава меѓу виенската аристократија. Еден благородник поддржувал еден виртуоз на пијано, додека друг благородник поддржувал друг врвен пијанист. Во салоните од некој од благородниците двајцата пијанисти се натпреварувале меѓу себе, едниот поставувајќи му музички предизвик во форма на композиција на која другиот требало да импровизира.

Тоа музичко наизменично „препукување“ траело со зголемувачки интензитет додека не бил прогласен победникот. Во овие рани виенски години, Бетовен беше прогласен за најдобар градски музички талент. Ракавицата од Штејбелт кон Бетовен била фрлена, а тој го прифатил предизвикот.

Принцот Лобковиц, покровител на Штејбелт, и принцот Личновски, покровител на Бетовен, го договориле натпреварот во музичко импровизирање кое било закажано во палатата од Лобковиц.

Дуелот меѓу Бетовен и Штејбелт

Како предизвикувач, Штејбелт требало да свири прв. Отишол до пијаното, отсвирил едно свое авторско дело кое предизвикало бура од реакции кај присутните и било наградено со громогласен аплауз.

Дошол ред на Бетовен кон кој сега биле свртени погледите од сите присутни. Тој воздивнал, го зел записот од делото на Штејбелт, го погледнал, го покажал кон публиката и – ги фрлил на страна.

Седнал на пијаното и отсвирил четири воведни ноти од музиката на Штејбелт. Потоа почнал да прави варијации на нивна основа, да импровизира врз нив.

Ја свирел музиката од Штејбелт, ја парчосувал, повторно ја составувал, ја пародирал и ја исмевал со музичка импровизација.

Штејбелт, сфаќајќи дека не само што бил натсвирен, туку бил и исмеан и понижен, ја напуштил просторијата. Принцот Лобковиц побрзал по него, враќајќи се по неколку моменти за да каже дека Штејбелт му изјавил дека никогаш повеќе нема да стапне во Виена сè додека таму е Бетовен.

Бетовен живеел во Виена до крајот на својот живот, а Штејбелт си го одржал ветувањето кое го дал – никогаш не се вратил таму. Бетовен никогаш повторно не бил предизвика на друг импровизирачки дуел на пијано и ја утврдил својата репутација и позиција на врвен и најдобар пијанист во Виена.

А тие четири ноти земени од музичкото дело на Штејбелт? Тие со тек на време станаа поттик и мотивација за раѓање на Третата Симфонија од Бетовен, позната и како Симфонија Ероика.

Advertisements
To Top