Home Мајтап Виц: Најстар занает на светот

Виц: Најстар занает на светот

Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели:
– Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар.
На тоа архитектот вели:
– Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?
Го прекинува политичарот:
– Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…