Читај брате: Сестрата му испратила писмо долго 434 метро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како извинување заради тоа што не му го честитала Меѓународниот ден на браќата, Кришнаприја од Керала, Индија, на својот брат му напишала писмо долго 434 метри и тешко 5 килограми.

Бидејќи Кришнаприја заборавила да му го честита Меѓународниот дек на браќата на својот брат Кришнапрасад, тој престанал да и се јавува, па дури и ја блокирал на WhatsApp.

Сфаќајќи колку е повреден нејзиниот помлад брат, студент по машинско инженерство, четврта година, тој мора да бил разочаран поради тоа што не му го посакала денот на браќата, Кришнаприја, самата инженерка, решила да му напише писмо за врската што ја споделуваат и нејзината љубов кон него.

Зборувајќи за медиумите, таа истакнала: „Заборавив да му го честитам денот на мојот брат. До вечерта тој престана да ги прима моите повици и исто така ме блокираше на Whatsapp. Затоа решив да му напишам писмо. Почнав да пишувам на листови со големина А4. но наскоро сфатив дека тоа нема да биде доволно бидејќи имам многу да му пренесам“.

„Затоа решив да купам подолги листови за пишување. Но, кога отидов на маркет, тие рекоа дека имаат само ролни за сметководители, кои беа долги. Затоа донесов дома 14 ролни. Ми требаа околу 12 часа да го завршам целото писмо, кое на крајот беше долго цели 434 метри и тешко 5 килограми “, додаде таа.

Кришнаприја понатаму истакнала дека во своето писмо напишала за животот на нејзиниот брат Кришнапрасад од неговото раѓање до неговиот студентски живот денес и ги вклучила и моментите што ги споделувале и љубовта што ја имаат еден за друг.

„Ние сме многу блиски еден со друг и споделуваме многу пријателски односи и растејќи бевме како близнаци – дополнила сетрата.

Ефектот од долгото и тешко писмо на неговата сестра можел јасно да се забележи на насмеаното лице на Кришнапрасад, кој за медиумите изјавил дека е многу среќен што го добил.

Писмото што помогнало да се помират братот и сестрата наскоро може да најде место во Гинисовата книга на рекорди како најдолгото писмо некогаш напишано откако Кришнаприја испратил барање за истото.