Home Спорт Чешка „на колена“ во Скопје – Македонија се пласираше на Светско првенство

Чешка „на колена“ во Скопје – Македонија се пласираше на Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација ја победи Чешка во Скопје (27:25) и се пласираше на Светско првенство.

Македонија одлично го започна мечот, но голманот на Чешка не дозволи да се одлепиме уште на стартот. Откако се ослободивме од притисокот Македонија дојде до три гола предност (7:4).

Потоа следуваа неколку технички грешки кои и дозволија на Чешка да дојде до еден гол разлика, за на полувреме да заминеме со предност 14:12.

Од стартот на вториот дел Македонија диктираше темпо, видовме одлични потези на Талески и Кузманоски, па на 15 минути до крајот имавме предност од четири гола (20:16).

Потоа следуваше период во кој промашивме неколку добри шанси, Митревси беше одличен на голот, но сепак Чешка успеа да дојде на само еден гол негатива на четири минути до крајот (25:24).

Гол предност имавме до самиот крај, па беше исклучително драматично. На дваесет секунди до крајот Кузманоски погоди од пенал за победа од 27:25 и ја однесе Македонија на Мундијал.

Најефикасни во нашата репрезентација беа Кузманоски и Талески, а одличен на голот беше Митревски со 15 интервенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…