Home Актуелно Зеленски порача: Немаме намера да го предадеме Донбас

Зеленски порача: Немаме намера да го предадеме Донбас

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и дека нема намера да се предаде.

Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да и’ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина за да го запре конфликтот.

„Украина и нејзиниот народ се јасни. Ние немаме право на туѓи територии, но нема да се откажеме од нашите“, рече Зеленски.

Кога Владимир Путин зборува за преземање на Донбас, тој всушност мисли на двата големи источни региони, Луганск и Доњецк, кои се протегаат од Мариупол на југ сè до северната граница. Овие два региони го претставуваат Донбас, област каде што се произведувал јаглен и челик за време на Руската империја и СССР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…