Спорт

Челзи спрема трансфер „бомба“ во последнио ден!

Челзи во последниот ден од преодниот рок сака да заврши две трансфер операции и да ги израдува своите фанови.

„Сините“ се на врвот на Премиер лигата па сакаат додатно да го засилат тимот во битката за титулата. Медиумите тврдат дека најдоцна до утре на „Стенфорд Бриџ“ треба да пристигнат напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле и крилниот фудбалер на Интер, Бијабиани.

Муса Дембеле зад себе има одлична сезона во дресот на Селтик и е трансфер мета на многу европски гиганти, па Челзи сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратиле официјална понуда.

Сепак, шкотскиот клуб не сака лесно да се откаже од својата ѕвезда и бара најмалку 40 милиони евра, па затоа тешко е да се поверува дека двата клуба ќе постигнат договор.

Другиот фудбалер кој треба да пристигне на „Стенфорд Бриџ“ е Џонатан Бијабијани од Интер кој би требало да биде замена за Бане Ивановиќ и алтернатива за Моузес по десната страна.

Advertisements
To Top