Home Наука и техонологија Руски научници тврдат дека пронашле лек против зависност од наркотични средства

Руски научници тврдат дека пронашле лек против зависност од наркотични средства

Руските медиуми известуваат дека група научници успеале да направат молекула која што го блокира чувството на пријатност кое што се создава при консумација на дрога.

Со влегувањето на супстанцата во крвотокот на зависникот се создаваат антитела кои го спречуваат ефектот на дрогата да стигне до мозокот.

Се очекува до 2023. година ова да стане првиот руски лек во борбата против зависност од дрога. Научниците тврдат дека новите молекули помагаат при лечење од зависност од опијати како хероин, морфин, кодеин, метадон, а целосниот третнам би траел од една до две години.

Лековите кои сега се достапни на пазарот успеваат кај 10 до 30 отсто од зависниците и имаат доста нуспојави. Оваа година започнуваат предклиничките тестирања на новиот лек.

Прво ќе биде тестирано на животни, а доколку се успешни ќе се врши тестирање и на луѓе. Во зависност од резултатите, научниците ќе се фокусираат и на создавање можност за користење на лекот и како превенција, особоено кај тинејџери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…