Челзи на тронот од Лига Европа – го прегази Арсенал во Баку


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Челзи синоќа го прегазија Арсенал со 4:1 на финалето од Лига Европа кое се играше во Баку и го освоија вториот најпрестижен фудбалски трофеј од светот на европскиот фудбал.

Беше ова интересен натпревар кој нешто повеќе им значеше на фудбалерите на Арсенал бидејќи само преку ова натпреварување можеа да се пласираат во Лигата на Европа. Сепак, на крајот изгубија и наредната сезона повторно ќе бидат дел од Лигата на Европа.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања. Во него доминираше Арсенал, подоцна Челзи ја превзема иницијативата, но голови немаше.
Сепак, во вториот дел тоа беше надополнето.

Оливие Жиру прво погоди за 1:0. Во наредните 15-тина минута Челзи го разби ривалот и постигна уште два гола. Арсенал се врати малку во игра со голот на Ивоби, меѓутоа само три минути подоцна Азар со неговиот втор гол натпреварот ги реши дилемите околу победникот и ги постави конечните 4:1.

За Челзи ова е втор трофеј во Лигата на Европа во последните шест години.