Home Наука и техонологија „Автомобил, енергија, Кина“: Какво изненадување спрема Илон Маск за 31 мај?

„Автомобил, енергија, Кина“: Какво изненадување спрема Илон Маск за 31 мај?

Со додавање на симболично откривачки емотикони за автомобил, енергија и знамето од Кина, од технолошкиот гигант Tesla вчера најавија мистериозно изненадување кое ќе го открија на последниот ден од месец мај, во петок.

Tesla Motors на социјалните мрежи објави информација дека за 31. мај подготвува изненадување. Целосно е непознато за каков производ станува збор, освен дека објавата е наменета за кинескиот пазар.

Почнаа и шпекулациите, па се смета дека Tesla ќе го најави Model 3наменет само за овој пазар или барем за регионот. Можна е и најава на Model Y, како и на Semi, електричниот камион.

Познавачите сметаат и дека Tesla најавува дека ќе почне да ги произведува своите модели во Кина, со вестите поврзани со Giga Factory 3, како и воведување мрежа на брзи полначи за автомобили.

Во секој случај, ќе треба да се почека до петок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…