Чави на лето се сели во Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави летото 2015 година одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи на блискиот Исток, односно во Катар.

Иако договорот со Ал Садд му истекува на крајот на оваа сезона легендарниот Шпанец одлучи дека сеуште не е време за пензија и дека во дресот на катарскиот тим ќе игра до крајот на наредната година.

Сепак, шпанските медиуми денес тврдат дека легендарниот плејмејкер би можел да се предомисли бидејќи доби неочекувана понуда. Наводно, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го контактирал Чави и му понудил место во стручниот штаб на „граѓаните“.

Медиумите тврдат дека 37-годишниот играч за врска наскоро ќе отпатува за Лондон на средба со Гвардиола. Доколку Чави се одличи да ја раскине соработката со Ал Садд целосните трошоци ќе ги покрие Манчестер Сити.