„Чаир и Топаана имаат една мана“: Таму закон не фаќа – дружби за време на полициски час (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во овие делови од Скопје дефинитивно не важи и нема никаква сила мерката полициски час дури ни во присуство на полиција, а за другите мерки веројатно не треба ни да правиме муабет.

На видеото подолу, кое го направи и објави Мкд.мк, се гледа улицната атмосфера од синоќа во скопската населба Топаана, каде што околу 21.30 часот се снимени повеќе од педесетина возрасни и деца што слободно шетаат, играат, се дружат на улица без препорачаното социјално растојание и стануваат агресивни кога ќе видат дека држите камера во раце. На оддалеченост од стотина метри стоела полициска патрола.

На социјалните мрежи се шират и други фотографи од ифтарски вечери и други собиранки во овие скопски населби, каде очигледно не се есапи и применува ниту една превентивна мерка како социјална дистанца, носење маски и слично, во рамки на здравствената стратегија за борба против коронавирусот.