Не ги игнорирајте: Знаци кои ви ги дава телото дека му фалат витамини Ц, А и Д


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако вашето тело ги манифестира овие симптоми, знаците кои ги добивате од организмот никако не треба да ги игнорирате, бидејќи телото во тој случај ве известува дека му фалат витамини.

Витамин Ц

Подложни на инфекции, изразени вени, модринки, склоност на крварење се знаци за недостаток на витамин Ц во телото. Помалку може да се појави при физичка активност и психички напор, за време на бременоста и доење и кај инфекции.

Недоволно внесување на витамин Ц може да доведе до недостаток на витамини кои обично се случуваат кај деца, алкохоличари и повозрасни лица. Недостатокот доведува до тешки нарушувања, болест. Овој витамин е важен бидејќи ја поттикнува работата на имунолошкиот систем во борба против инфекции и бактерии.

Витамин А

Груба, сува и иритирана кожа, губење на апетит, често замор, слаба коса без сјај, кршливи нокти, настанување на перут, сето тоа наведува до недостаток на витамин А.

Витамин Д

Недостаток на витамин Д најпрво ќе забележите по промените во коскеното ткиво. Кај децата е забележано рахитис, а кај возрасните доведува до остеопороза. Превентивно се дава на бебињата за време на првата година од животот, а кај остеопорозата витамин Д се дава со комбинација со калциум поради намаленото одложување на калциум во коските.