На овогодинешното издание на Евросонг, кое ќе се одржи во Тел Авив, нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата земја под името Република Северна Македонија. Во известувањето од организаторот во овој контекст, се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија. …