Македонскиот пијано виртуоз од светски ков, Симон Трпчески, со пријателите, го издадоа албумот насловен „Македонисимо“, објавен под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Како што изјави Трпчески во интервју за „Независен“, „албумот е фузија на фолк и класична музика, која …