Бред Пит во љубовна врска со скоро 30 години помлада убавица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


56-годишниот холивудски актер Бред Пит наводно повторно е во љубовна врска. Медиумите пренесуваат дека негова нова девојка е 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски.

Парот е виден на аеродром во Франција. Извор близок до нив потврди дека Бред и Никол се во врска и дека заедно уживаат на летниот одмор.

По пристигнувањето на аеродромот, Пит се криеше од новинарите носејќи очила за сонце и капче. Странските медиуми наведуваат дека парот е во врска веќе неколку месеци.

Пит се впушти во нова љубовна врска и покрај сите проблеми кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли од која се разведе во април 2019 година. Тој сè уште се бори за старателство врз децата.